Вработен во обезбедувањето во американската амбасада во Норвешка е уапсен под сомнение дека шпионирал за Русија и Иран, соопшти денеска полицијата.
Се вели дека чуварот е норвешки државјанин на 20-те години и бил уапсен во својот дом во средата.
Судот денеска на уапсениот чувар му одреди мерка притвор до еден месец додека полицијата го истражува големото количество одземен дигитален материјал, пренесе Ројтерс.
Текстот Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа е превземен од А1он.