back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСкопјеЧетири нови с...

Четири нови санитетски возила за болни, стари и изнемоштени лица

-Возилата ќе бидат подготвени во секој момент да помагаат на луѓе кои се болни, возрасни, изнемоштени, со посебни потреби, кои не можат да ангажираат некого од семејството или некој близок, да ги однесе да завршат одредени работи.  Министерство за здравство станува партнер во проектот „Итно копче“, кој функционира 24/7 за сите овие пациенти

 

„Да делуваме хумано“ е проектот што денеска на Меѓународниот ден на хуманоста го промовираа Министерството за здравство и Црвениот крст.

– Се работи за промоција на четири возила што ќе бидат подготвени во секој момент да помагаат на луѓе кои се болни, возрасни, изнемоштени, со посебни потреби, кои не можат да ангажираат некого од семејството или некој близок, да ги однесе да завршат одредени работи, појасни министерот за здравство Арбен Таравари, истакнувајќи дека министерството за здравство станува партнер во проектот „Итно копче“, кој функционира 24/7 за сите овие пациенти.

Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје, појасни дека проектот се спроведува веќе три години во главниот град на државава, а се разгледува можноста и да се прошири во други градови.

– Санитетскиот транспорт се наметна како потреба во однос на стари, изнемоштени и лица со попречености, поголем дел од нив, бидејќи се сами дома, немаат семејство. Овој транспорт го започнавме во пилот-фаза со поддршка на Австрискиот црвен крст и веќе сега влегуваме во фаза кога сметаме дека овој проект треба да прерасне во еден социјален сервис, регуларен сервис што ќе биде во нашата држава – изјави Тунева-Пауновска.

Таа додаде дека санитетски транспорт е исклучиво за транспорт на лица во делот на проверка, медицински преглед, промена на гипс, катетер, контрола и е исклучиво за поддршка на лицата кои не можат сами да се справат со здравствената состојба.

-Санитетскиот не е итен транспорт, нагласи таа, туку тој се најавува. Ние 24/7 сме достапни на телефонот 15-300 и граѓаните може тука да си го закажуваат транспортот, точно да си знаат во кое време нашите тимови доаѓаат, го земаат пациентот, го носат, го враќаат – појасни Тунева-Пауновска, нагласувајќи дека во моментов, е само во Скопје, а доколку се покаже како голема потреба, ќе се прошири и во другите поголеми градови.

-Сме во процедура на промоција, во локалните самоуправи – истакна Тунева-Пауновска.

Досега, како што рече таа, ова го работеле и го работат со поддршка на локални самоуправи.

Тунева-Пауновска прецизираше дека финансиската поддршка за овој санитетски транспорт доаѓа од страна на градоначалници на скопски општини со кои Црвениот крст има склучено договор.

– И тука веќе ние правиме една целина, кога граѓаните, бесплатно го добиваат тоа – заклучи таа.

Фото: (П.С.)

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари