дома МАКЕДОНИЈА Четири млади ...

Четири млади лица се повредени во сообраќајка

Четири млади лица се повредени во сообраќајка

– На 25.10.2024 во 00:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Индира Ганди“ во Скопје патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.А.(21) од Скопје и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Четири млади лица се повредени во сообраќајка appeared first on Локално.

Exit mobile version