Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос

    Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос

    Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа кога брод со мигранти удри во карпи и се насука на грчкиот остров Самос, соопштија официјални лица.

    Спасени се 16 луѓе, додека бројот на патниците на бродот се уште не е познат, пренесе АП.

    Грчката крајбрежна стража започна спасувачка операција, користејќи патролни чамци, чамци за спасување и тимови на брегот за потрага по можни исчезнати патници.

    Текстот Четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во бродска несреќа во близина на Самос е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version