дома МАКЕДОНИЈА Четиримесечно...

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница

Машко бебе на четиримесечна возраст вчера починало во Богданци, а смртта во полицијата ја пријавил лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, бебето од раѓање имало здравствени проблеми и подолг период било на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Екипа од ОВР Гевгелија извршила увид на местото, а по наредба на јавен обвинител од ОЈО Велес телото на бебето било предадено на обдукција.

Текстот Четиримесечно бебе починало во Богданци, подолг период било на лекување во болница е превземен од А1он.

Exit mobile version