back to top
3.8 C
Skopje
01.02.2025
Google search engine
домаЧеститка од А...

Честитка од Африм Гаши по повод Денот на албанската азбука

На Денот на албанската азбука се потсетуваме на овој историски момент, кој го означува крајот на битолскиот конгрес и го отелотворува идентитетот на албанскиот народ, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши, во честитка по повод празникот.

„Како претседател на Собранието, каде што Албанците се државотворен народ, овој празник и албанскиот јазик ги ценам како камен-темелник на општеството и етничката различност и се залагам да се обезбеди еднакво третирање и почитување на секое ниво на институционалното и општественото живеење.

За мене како Албанец, овој ден претставува неразделива суштина на мојот идентитет, што ме прави горд.

На сите Албанци насекаде во светот, честит 22 Ноември!“, се вели во честитката на Гаши.

Текстот Честитка од Африм Гаши по повод Денот на албанската азбука е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари