back to top
3.8 C
Skopje
31.01.2025
Google search engine
домаЦаринските уп...

Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа протокол за електронска размена на податоци

Електронска размена на податоци помеѓу Македонија и Црна Гора пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави. Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот.

Ова е предвидено со Протоколот што беше потпишан денеска во Будимпешта, од страна на директорот на македонската Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на црногорската царина, Маја Вучиниќ.

Протоколот се потпиша на маргините на дводневниот состанок „Унапредување на регионалната соработка“ во Будимпешта на кој присуствуваа генералните директори и високи претставници на царинските управи од Западен Балкан и од земјите членки на Европската унија. Настанот беше организиран под покровителство на унгарската даночна и царинска агенција во рамки на Унгарското претседателство со Советот на ЕУ.

Текстот Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа протокол за електронска размена на податоци е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари