back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаБАЛКАНХрватскиот ек...

Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија

Хрватскиот поранешен министер за здравство Вили Берош е донесен кај истражен судија откако ноќта ја мина во полициски притвор по апсењето и распитот во УСКОК.

Новинарот на РТЛ му постави три прашања на министерот:

„Дали се чувствува виновен?“, na на што Бероп одговори само „Не“.

„Што велите за обвинувањата“, на што Берош кусо одговори дека се неосновани, а запрашан дали ќе може да докаже, рече „Апсолутно да“.

Берош според неговиот адвокат, ги отфрла сомнежите за корупција, односно вмешаност во набавка на преплатени болнички апарати.

Сомнежите за корупција на поранешниот министер за здравство Вили Берош ги истражува и европското обвинителство кое извести дека покренало истрага против него и уште седум лица и две фирми за злосторничко здружување.

Според неофицијални информации кои ги пренесуваат медиумите, на чело на злосторничкото здружение во европската истрага бил контроверзниот бизнисмен Хрвоје Петрач, кој моментално не е во Хрватска, а осомничени се и неговите синови Новица и Никола.

ЕСЈО го товари Берош за примање мито, а јавниот обвинител Иван Турудиќ во петокот рече дека УСКОКго товари Берош за тргување со влијание.

Текстот Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари