дома СПОРТ Храната на „М...

Храната на „Мекдоналдс“ е забранета во Париз

Храната на „Мекдоналдс“ е забранета во Париз

Организаторите на Летните олимписките игри во Париз мора да се грижат и за исхраната на натпреварувачите. Здравата исхрана ќе биде промовирана во Париз, така што најголем дел од храната што ќе се подготвува во Олимпиското село ќе биде растителна.

На турнирот ќе има полесни, локални вегетаријански јадења, кои создаваат минимален отпад. Некои од јадењата што ќе бидат понудени се кроасани со пржени јајца, артичока и крем од овчо сирење, прелиени со тартуфи и со медалјони од пржено пилешко на база на соја, како алтернатива на McNuggets.

Храната на „Мекдоналдс“ е забранета на годинашните Олимписки игри. Но, не беше секогаш така. Усеин Болт, најбрзиот спринтер и еден од најголемите олимпијци на сите времиња, откри дека јадел храна од „Мекдоналдс“ во текот  на Олимписките игри во Пекинг, во 2008 година.

– Моето тело не реагираше добро на кинеската храна. Искрено, не јадев ништо во текот на целиот мој престој во Кина, освен McNuggets. Тоа беше единствената храна за која целосно верував дека нема да влијае на мојот стомак. По пристигнувањето во олимпискиот тренинг-камп, пробав локално кинеско јадење, кое не беше како оние што ги јадеме на Запад, а моето тело не реагираше добро – напиша Болт во една од своите автобиографии, насловена „Најбрзиот човек е жив“.

Болт освои три златни медали во Пекинг, поставувајќи светски рекорди на 100 метри (9,69 секунди), 200 метри (19,30 секунди) и во штафетата на 4 х 100 метри (37,10 секунди). Медалот во штафетата потоа му беше одземен бидејќи неговиот колега од репрезентацијата Неста Картер беше допингуван.

Exit mobile version