дома СВЕТ Хезболах ќе с...

Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел

Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел

Либанското шиитско движење Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето на војската во јужните региони на Либан, кои се блиску до границата со Израел, изјави пратеник на движењето, цитиран од француските медиуми.

Хезболах уверува дека нема „видливо оружје“ или „бази“ во овие области.

Пратеникот Хасан Фадлала изјави дека Хезболах целосно соработува со државата за распоредување на засилувања на либанската армија во јужен Либан.

Нема да има никаков проблем, истакна Фадлала, нагласувајќи дека Отпорот нема бази и видливо оружје во регионот бидејќи „овој Отпор (. . .) не е редовна армија“.

Во текот на денот либанската армија соопшти дека го зголемува своето присуство во јужен Либан.

The post Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска на границата со Израел appeared first on Република.

Exit mobile version