Работнички се пофали дека има ново засилување. Станува збор за 22 годишен играч кој игра на левата крилна позиција, Ревелдо Мичел и кој доаѓа од Јамајка. Неговиот последен клуб е Вотерхаус од јамајканската лига. Пред Мичел, Работнички ги договори Лука Робакидзе, Михаил Димитриевски и Стефан Лазаревиќ.