дома СПОРТ Кошарка Франција ја с...

Франција ја совлада Белгија за финале во на ОИ во Париз

Франција ја совлада Белгија за финале во на ОИ во Париз

Женската кошаркарска репрезентација на Франција е вториот учесник во финалето на Летните Oлимписки Игри во Париз во женска конкуренција, откако по продолженија успеа да ја надигра Белгија со 81-75 (66-66).

Во репризата од полуфиналето од последното Европско првенство двете селекции одиграа крајно возбудлив и неизвесен натпревар, полн со многу пресврти и победа на домашните кошаркарки, вредна битка за златниот медал.

Франција до победата ја предводеше Габи Вилијамс со 18 поени, 17 постигна Валеријан Ајаја, 15 крај своето име запиша Илијана Рипер, а Жанел Салон постигна 10 поени. Ема Месерман беше најдобра кај Белгија со 19 поени.

Exit mobile version