Во пресрет на вечерашниот концерт со „Бијелодугме“ во Италија, Младен Војичиќ Тифа им одговорил на оние кои го критикуваат неговото пеење и го навредуваат, наведувајќи дека неговите настапи на концертите се под нивото.
„За сите оние кои се грижат, јас немав мозочен удар, ниту левата страна ми беше одземена од алкохол, ниту пак ми беше од алкохол, туку трпам страшни болки во кичмата, истото им го посакувам и на сите што тоа го пишуваат“, објави тој на Фејсбук.
Следбениците во коментар му посакале брзо закрепнување.
„Не се давај Тифа. Биди жив и здрав”, „Тифа легендо пушти ги малите душички. Не се вредни за спомнување. Ти посакувам се најдобро во животот и во кариерата. Ти си некој кој го одбележа моето детство и живот на најубав можен начин со неговата музика и човечка големина“, „Не се откажувај стар лаву“, се дел од коментарите.
Како што се наведува, во последните неколку години тој е мета на критики за неговиот настап. Го критикувал и неговиот колега Ален Исламовиќ.
„Да се занимавате со работа од која живеете, заработувате и го издржувате семејството е тешка обврска. Мора да ги издржите сите можни притисоци. Вака не се однесувате со вашата работа и со вашите пријатели кои сè уште ви нудат парче леб и кои се трудат да придонесат за сите. Ова не е лесен леб, но јас го ценам секоја трошка од него“, напиша претходно Исламовиќ на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/Facebook
The post (ФОТО) Тифа им одговорол на душегрижниците: „Не доживеав мозочен удар ниту левата страна ми беше одземена од алкохол, истото им го посакувам на сите што тоа го пишуваат…“ appeared first on ekran.