back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаКУЛТУРАСцена(ФОТО) Сите и...

(ФОТО) Сите исти пред законот – УАПСЕН СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЕЗА: Осомничен е за силување, нанесување тешки телесни повреди, а полицијата пронашла и нож

Норвешките медиуми интензивно известуваат за овој случај, нагласувајќи дека се работи за лице кое иако без официјална титула, потекнува од кругот на кралското семејство.
Мариус Борг Хоиби (27), син на норвешката принцеза Мете-Марит од нејзината претходна врска, е уапсен во понеделникот вечерта под сомнение за силување, соопштила полицијата.


Случајот ја шокирал норвешката јавност, бидејќи Борг Хоиби нема официјална јавна улога, но е дел од кралското семејство и израснал со полусестрата, принцезата, Ингрид Александра (20) и полубратот принцот Свере Магнус (18).
Полициското соопштение открива дека Борг Хоиби е осомничен за кршење на кривичниот закон, кој вклучува „сексуален однос со лице кое е инвалидно или на друг начин не може да се спротивстави“. Во дополнителното објаснување се наведува дека се работи за сексуален чин без целосна пенетрација.

Уапсен во автомобил со жртвата
Инцидентот што довел до негово апсење се случил на 4 август, кога Борг Хоиби наводно бил во станот на жена со која бил во врска. Полицијата го товари за нанесување телесни повреди, а во тој момент бил пронајден заглавен нож во ѕидот од нејзината спална соба. Осомничениот и претходно бил приведен во септември поради прекршување на забраната за приоѓање.
Во моментот на последното апсење, Борг Хоиби бил во автомобилот со истата жртва, што дополнително ја искомплицирало ситуацијата. Полицијата соопштила дека сè уште не одлучила дали ќе побара притвор.

Го нарушил угледот на семејството
Норвешките медиуми интензивно известуваа за овој случај, нагласувајќи дека се работи за лице кое иако без официјална титула, потекнува од кругот на кралското семејство. Борг Хоиби пораснал со полусестра и полубрат во семејството на престолонаследникот Хакон и принцезата Мета-Марит, која за престолонаследникот се омажила во 2001 година.
Полицијата соопштила дека истрагата вклучува и сомневање за семејно насилство поврзано со инцидентот во август, додавајќи нова димензија на веќе сериозните наводи.
Кралското семејство засега нема никакви јавни соопштенија за случајот. Иако Борг Хоиби не е дел од официјалните обврски на кралското семејство, овој настан фрли сенка на неговата репутација. Се очекува деталите од истрагата и евентуалната одлука на судот да привлечат дополнително внимание на јавноста и медиумите.

Извор и фото: zena.blic.rs

The post (ФОТО) Сите исти пред законот – УАПСЕН СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЕЗА: Осомничен е за силување, нанесување тешки телесни повреди, а полицијата пронашла и нож appeared first on ekran.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари