Здравствената состојба на Бора Ѓорѓевиќ е влошена и сите настапи се откажани до понатамошно известување…
Познатиот рокер, Бора Ѓорѓевиќ, попознат како Бора Чорба, веќе извесно време има здравствени проблеми.
Сега на официјалната Фејсбук страница на групата „Рибља чорба“ излезе соопштение за неговата здравствена состојба, што загрижи многумина. Имено, Бора се бори со тешка пневмонија:
– Драги пријатели, поради нарушено здравје, лекарите му забранија на Бора Ѓорѓевиќ да патува и да се напрега поради тешка пневмонија како и влошување на состојбата со хронична опструктивна болест на белите дробови. Секако, како и секогаш, ќе ги победиме болестите и штом Бора се опорави ќе се видиме на нови дружења! – стои на официјалната Фејсбук страница на групата.
Фото: Архива
The post (ФОТО) Нарушено здравјето на Бора Ѓорѓевиќ, групата со итно соопштение – „Ќе ја победиме болеста“ appeared first on ekran.