На маргините на состанокот на Европската политичка заедница, македонскиот премиер Христијан Мицкоски вчера имаше средба и со францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што информираше самиот на социјалните мрежи средбата била продуктивна и со него отворено разговарале за одблокирањето на патот на Македонија кон Европската Унија.
Мицкоски по средбата вели дека е оптимист за нашата европска иднина.
-Се бориме за нашите аргументи и вистината која е незаобиколива. Ќе дадеме се од себе да ги зачуваме државните и националните интереси, напиша тој на Фејсбук.
Во видео-обраќање од Будимпешта тој информираше и дека имал и други билатерални средби.
„Со секоја средба се повеќе и повеќе се бориме за нашите аргументи и за вистината онаква каква што е. Онаа вистина што ја чувствуваат нашите граѓани и која е важна за Македонија. Ќе продолжиме да се бориме за Македонија и во неделите, месеците, годините што следат. Мора да успееме, мора да бидеме таму каде што заслужуваме, а тоа е успешна европска приказна, а местото наше е во рамките на Европската Унија“, вели тој меѓудругото во обраќањето.
Фото: Мицкоски/Фејсбук
The post (Фото) Мицкоски се сретна со Макрон во Будимпешта: Оптимист сум за европскиот пат на Македонија appeared first on еМагазин.