Актерката Деми Мур се отворила за нејзината борба со нарушување во исхраната откако продуцент ја „понижил“ велејќи и дека „треба да ослабне“.
Таа за магазинот Elle изјавила дека пет години била опседната со вежбање.
View this post on Instagram
„Се изложив на тортура кога бев помлада. Совршен пример за тоа е кога неколку пати ми кажаа дека морам да ослабам. Продуцентот ме тргна настрана. Беше многу срамно и понижувачки”, се сеќава Мур, додавајќи дека ова искуство било само еден од факторите што го обликувале нејзиниот однос кон сопственото тело.
За време на интервјуто, таа дополнително открила дека со години била опседната со вежбање, чувствувајќи дека нејзиниот физички изглед го одредува нејзиниот идентитет и вредност.
View this post on Instagram
„Последното нешто што сакам е да дозволам острите критики од другите да диктираат како се чувствувам за моето тело“, вели Мур, нагласувајќи ја важноста да се прифатите себеси онакви какви што сте.
Таа се осврнала и на нејзината работа во Холивуд, велејќи дека како што старее и станува сè потешко, бидејќи не се чувствувала „доволно млада“ за одредени улоги.
„Немав 20 или 30 години, но не бев онаква каква што замислуваа некој во 40-тите или 50-тите да изгледа. Тие не знаеја каде припаѓам“, вели таа.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ФОТО) Минала низ тежок период – Деми Мур проговорила за нејзината борба со нарушување во исхраната: „Беше многу срамно и понижувачко!“ appeared first on ekran.