(ФОТО) КОЈА Е СОПРУГАТА НА РАФАЕЛ НАДАЛ? Заедно се речиси две децении, а убавата Марија ретко се појавуваше на турнири поради една причина

    (ФОТО) КОЈА Е СОПРУГАТА НА РАФАЕЛ НАДАЛ? Заедно се речиси две децении, а убавата Марија ретко се појавуваше на турнири поради една причина

    Рафаел Надал е во хармоничен брак со Марија Франциско Перело, со која има двегодишен син
    Рафаел Надал денеска се прости од тениската кариера. Оваа вест одекна во светските медиуми, а познатиот тенисер со емотивно видео се прости од своите фанови и им се заблагодари за поддршката во текот на сите овие години на 12 различни јазици.

    Надал ретко зборува за својот приватен живот, но од 2019 година е во среќен брак со Марија Франциско Перело. Парот се венча на Мајорка, а церемонијата изгледаше како од бајка. Тие биле во врска 14 години пред тоа. Круна на нивната љубов е синот кој го добија во 2022 година.

    Во една прилика Марија проговорила за тоа колку и било тешко да биде својот избраник да го следи во чекор, па немавме можност да ја видиме на сите турнири што Рафа ги играше.
    – Му треба простор кога се натпреварува, а самата идеја да го чекам цел ден да го заврши тоа што треба да се направи и да се шетам ме изморува, би ме задушувало. Тој ќе мора да се грижи за мене. Едноставно не. Ако го следам насекаде, мислам дека постои ризик да престанеме да се разбираме – во една пригода таа  објаснила како функционира нивната врска и зошто не ги гледаме често во јавноста.

    Фото: Монтажа/Instagram

    The post (ФОТО) КОЈА Е СОПРУГАТА НА РАФАЕЛ НАДАЛ? Заедно се речиси две децении, а убавата Марија ретко се појавуваше на турнири поради една причина appeared first on ekran.

    Exit mobile version