Покрај спортистите, Македонија на Летните олимиски игри во Париз, кои започнуваат денеска ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Иван Михајловски
Ова е прво негово судиско учество на Олимписки игри.
Тој е и претседател на Триатлон федерацијата на Македонија.
Триатлон федерацијата на Македонија беше организатор на Европски јуниорски куп Охрид 2019 и Балканско триатлон првенство 2018 во Охрид.
Која е Анета Павловска
-На еден натпревар од повисока категорија судат седум или девет линиски судии, а само еден главен. Одговорноста се знае дека е поголема на главниот судија. Тој е „диригентот на оркестарот на терен“. Линискиот судија е одговорен за делигираната линија на мечот (може секој меч да биде различна линија), а главниот за цела динамика на мечот и за сите одлуки генерално, вели Павловска.
Кои се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски
Позади себе имаат врвни натпреварувања од кои ќе ги споменеме последните: финале на Олимписките игри во Токио 2021 година, Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија и како круна, финалето во Лигата на шампионите оваа година.
Своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз. За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Летните олимписки игри во Париз ќе бидат први кои ќе се отворат надвор од стадион
(Видео) Париз како воена зона, денеска се отвараат Летните олимписки игри
Фото: МОК/користени материјали од МОК
The post (Фото) Запознајте ги судиите од Македонија кои ќе судат на Летните олимиски игри во Париз appeared first on еМагазин.