Најмалку 19 лица загинаа, а 40 се исчезнати во поплавите во Босна и Херцеговина, предизвикани од свлечишта поради поројните дождови.
Најпогодени се општините Јабланица и Коњиц, а поплавени се и Крешево, Кисељак, Фојница и Вареш.
Според босанските медиуми, една од можните причини за поплавата е изградбата на каменоломот во шумата над Доња Јабланица, од каде што се најголемиот број на загинати и исчезнати.
Соседните земји Хрватска и Србија се понудија за помош, а поддршка на БиХ е најавена и од Европската унија.
The post (Фото) Апокалиптични сцени од БиХ: Најмалку 19 загинати и 40 исчезнати во поплавите appeared first on еМагазин.