дома КУЛТУРА Сцена (ФОТО) Анџели...

(ФОТО) Анџелина Џоли со синот на црвениот тепих: Јавноста ретко го гледа

(ФОТО) Анџелина Џоли со синот на црвениот тепих: Јавноста ретко го гледа

Анџелина Џоли синоќа се појавила со синот Нокс на доделувањето на наградите на гувернерите во Лос Анџелес, што е негово ретко појавување во јавноста.
16-годишното момче, кое Анџелина го дели со поранешниот сопруг Бред Пит, се нашло во центарот на вниманието за прв пат по повеќе од три години. Анџелина (48) зрачела со грациозност и гламур во сончево жолт фустан додека чекорела по црвениот тепих со својот син. Нокс беил елегантен во класичен црн костум и вратоврска.

Неговото последно појавување на црвениот тепих беше во октомври 2021 година, кога им се придружи на своите браќа и сестри на лондонската премиера на филмот на Анџелина за Марвел, „Eternals“.
И покрај тоа што има двајца од најпознатите родители во Холивуд, Нокс и неговите браќа и сестри во голема мера останаа подалеку од центарот на вниманието.
– Тие се особено срамежливи, многу приватни и сакаат да бидат приватни – изјавила актерката за своите деца во интервју за Е! во октомври.
Медокс (23) и Пакс (20) неодамна работеле зад сцената на претстојниот биографски филм на Анџелина „Марија“, во режија на Пабло Ларејн, додека близначката на Нокс, Вивиен е активна во театарот како асистент продуцент за адаптацијата на Бродвеј на „The Outsiders“, проект кој Анџелина го продуцира.

Фото: magazin.rs

The post (ФОТО) Анџелина Џоли со синот на црвениот тепих: Јавноста ретко го гледа appeared first on ekran.

Exit mobile version