Откако продуцентката Керол Баум го критикуваше нејзиниот изглед и актерските способности, актерката Сиднеј Свини го коментираше наводното лицемерие на жените во Холивуд. Таа за Vanity Fair го изрази своето разочарување од фактот што жените ги уриваат другите жени.
Тврдењата дека жените поддржуваат други жени според нејзиното мислење, воопшто не се точни.
„Сето тоа е лажно и параван за други непријатни работи што им се кажуваат зад грб. Особено е тажно кога жените кои се успешни во многу аспекти на индустријата само гледаат како помладите таленти работат напорно надевајќи се да ги остварат своите соништа“, рекла Свини.
Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ не можела да разбере зошто некои жени чувствуваат потреба да ги омаловажуваат другите, а тоа го нарекла генерациски проблем кој произлегува од верувањето дека „само една жена може да биде на врвот“.
Свини дала неколку примери: „Постои една жена која може да освои маж. Има една жена која може да биде било што, а потоа сите останати се чувствуваат како да треба да се борат една со друга или да ја срушат таа една жена наместо да кажат: ‘Ајде да се кренеме сите заедно’“.
Свини признала дека сè уште се обидува да го сфати сето тоа и дека не разбира зошто ја напаѓаат. Една од водечките продуцентки во Холивуд, Керол Баум, неодамна ја критикувала нејзината улога во романтичната комедија „Anyone But You“. Таа навела дека не може да ја разбере Свини и дека не може да ја поднесе.
Баум открила дека еднаш ги прашала своите студенти на Факултетот за кинематографски уметности на Универзитетот во Јужна Калифорнија за популарноста на Свини, но никој немал одговор. СТаа смета дека Свини не е убава и дека не знае да глуми, па не разбира зошто е барана.
Фото: Принтскрин/Instagram
The post (ФОТО) Актерката е разочарана – Сиднеј Свини за лицемерието на жените во Холивуд: „Се’ е параван за гнасотијата што се прави зад сцената“ appeared first on ekran.