back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

ФЗО: Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки пишувани во име на Фондот

Фондот за здравствено осигурување со предупредување до граѓаните. Лажни пораки по е-маил се праќаат како да се испратени од Фондот. Во лажните пораки им се укажува на граѓаните дека наводно треба да добијат исплата за рефундација на средства по што треба да кликнат на одреден линк.

Од фондот велат дека случајот веќе го пријавиле во полиција, но апелираат и на внимателност кај граѓаните.

Фондот им укажува на граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни пораки за да не бидат злупотребени нивните лични податоци и трансакциски сметки, а доколку се во можност да пријават во Службата за компјутерски криминал во МВР. Фондот веќе го пријави случајот во МВР, се вели во соопштението на ФЗОМ.

Од МВР потврдуваат дека има стигнато пријава до нив и дека се работи на расчистување на случајот.

 

The post ФЗО: Граѓаните да не наседнуваат на лажни пораки пишувани во име на Фондот appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари