Загриженост во анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк, за ребалансот на буџетот.
„Проширувањето на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација“-пишува, во анализата.
Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно Значителното проширување на фискалниот простор, што сега се огледува во 44% – но зголемување на буџетскиот дефицит е очекувано со оглед на предизборните ветувања, како што е пример линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември 2024, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025.
„Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и просечната плата, и тоа го притиска новопроектираниот продлабочен дефицит“, велат од „Фајненс тинк“.
Во анализата се укажува дека со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува.
„Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период“, се додава во анализата.
The post „Фајненс тинк“ изразува загриженост за зголемување на дефицитот appeared first on Локално.