Директорката на Танец, Весна Митевска и деканката на Факултетот за музичка уметност во Скопје, м-р Дарија Андовска, потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички придонес кон одржувањето, развојот и претставувањето на македонското фолклорно богатство.
Иако, овие две државни институции припаѓаат на две различни сфери на делување – културата и образованието, тие сите овие години се упатени една на друга и имаат заедничка цел, да ги чуваат културните темели на македонската државност.
Ќе работиме за заеднички да придонесеме кон одржувањето, развојот и пласманот на нашето национално, културно и историско богатство – фолклорот, се вели во објавата од ФМУ.
The post Факултетот за музичка уметност – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Танец appeared first on ekran.