Уште еден тинејџер е уапсен за планирање на терористичкиот напад за време на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, Австрија.
Австриските медиуми објавија дека се работи за 18-годишен Ирачанец, кој престојувал во Австрија како бегалец со заштитен статус.
Тој според медиумите бил запознаен со плановите за напад на главниот осомничен Беран Алији, кој е по потекло од Гостивар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И тој, како и Алију, се заколнал на верност на Исламската држава.
За случајот се уапсени и момчиња на возраст од 15 и 17 години.
Алију го призна делото за кое е осомничен и заедно со 17-годишникот е во притвор.
Против нив е поведена постапка за припадност на терористичка и криминална организација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беран Алији, главниот осомничен за планирање терористички напади во Виена, ретко доаѓал во Гостивар
The post Уште еден тинејџер уапсен за планирање на терористичкиот напад во Виена appeared first on еМагазин.