back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТУништени пове...

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

Украинските единици за противвоздушна одбрана уништија повеќе од десет руски беспилотни летала кои во текот на ноќта го нападнаа Киев, соопшти денеска украинската војска.

Воената управа на Киев на мрежата Телеграм објави дека нема непосредни извештаи за штети или жртви во нападот со дронови и дека денеска ќе бидат објавени дополнителни информации за нападот.

„Дроновите летаа од различни правци кон Киев. Тревогата за воздушен напад во градот траеше повеќе од три часа“, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Очевидци потврдија дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во Киев, како и дека дејствувале украинските единици за противвоздушна одбрана.

Засега нема коментари од Русија за овој напад.

Текстот Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари