Украинка медалот им го посвети на украинските спортисти кои загинаа во војната со Русија

Мечувалката Олга Харлан го освои првиот медал за Украина на Олимписките игри во Париз, тоа е нејзин петти олимписки медал во кариерата и потоа се обрати по триумфот.

„Овој медал им го посветувам на сите мои колеги кои не можеа да бидат тука, бидејќи беа убиени од Русите. Јас сум Украинка и секогаш ќе имам сила. Продолжуваме да се бориме“, рече Харлан по освојувањето на бронзениот медал.

Според украинските власти, вкупно 487 украински спортисти загинаа како резултат на руската инвазија, меѓу кои и бројни поранешни олимпијци и идни олимписки надежи.

Exit mobile version