Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски

    Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски

    Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат, изјави претседателот Володимир Зеленски, пренесува БТА.

    Ситуацијата на фронтот во источна Украина е тешка и Русија напредува, призна Зеленски.

    Вчера тој изјави дека под идниот американски претседател Доналд Трамп „војната ќе заврши побрзо“.

    Зеленски изрази задоволство од неговите неодамнешни контакти со Трамп, и покрај загриженоста дека американската помош за Украина може да се намали во времето на следниот шеф на Белата куќа.

    Текстот Украина треба да стори сé што е можно за да ја заврши војната со Русија, вели Зеленски е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version