дома МАКЕДОНИЈА Уапсен Мухаме...

Уапсен Мухамед Љамалари, првоосомничениот за рушењето на Хотел „Шар Ан“ во Скопската чаршија

Уапсен Мухамед Љамалари, првоосомничениот за рушењето на Хотел „Шар Ан“ во Скопската чаршија

Првоосомничениот за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во Старата скопската чаршија, Мухамед Љамалари, попладнево е уапсен, потврдија од МВР. Тој бил уапсен во хотел во близина на Бит-пазар.

-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

Обвинителството гони 11 луѓе за рушењето на „Шар Ан“.

– Првоосомничениот како Претседател на Одбор на директори на акционерско друштво, со намера за себе и за останатите членови на групата да прибави противправна имотна корист, не ги извршил своите службени овластувања определени во Статутот на друштвото и предизвикал штета на Буџетот на РСМ од значителна вредност. Тој, иако знаел дека Хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба, не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување.

Во периодот од месец октомври и ноември 2022 година четворица припадници на групата како градежни работници без да поседуваат документација за дозволеност за преземање на дејствија за рушење, употребувајќи механизација извршиле противправно уништување на автентичниот објект Хотел „Шар Ан“. Во исто време двајца од организаторите и еден припадник на групата во својство на службени лица чија службена должност е преземање на мерки за заштита на недвижните културни наследства, иако знаеле за насилното уништување на автентичниот објект Хотел „Шар Ан“, дозволиле негово целосно уништување и не презеле ниту едно дејствие со кое ќе го запрат или спречат незаконското рушење на објектот од културно наследство, се вели во официјалното соопштение на Обвинителството.

The post Уапсен Мухамед Љамалари, првоосомничениот за рушењето на Хотел „Шар Ан“ во Скопската чаршија appeared first on Локално.

Exit mobile version