Уапсен е сопственикот на луна паркот каде што беа повредени две девојчиња

Уапсен е сопственикот на луна паркот каде што беа повредени две девојчиња

Полицијата во Свилајнец го уапсила 43-годишниот М.М. од Белград, кој поставил забавен парк на панаѓурот во Свилајнец, каде синоќа при излетување на вовчето од шините полесно се повредени дванаесетгодишно и осумгодишно девојче.

Се сомнева дека шините не биле прицврстени на пропишан начин, соопшти денеска Полициското одделение во Јагодина, пренесува Танјуг.

Како што се наведува во соопштението, припадници на МВР во Свилајнец го уапсиле М. М. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Exit mobile version