back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Уапсени 10 лица за насилни протести во Сандерленд, Би-би-си ја отстрани рекламата со убиецот од Саутпорт/ВИДЕО

Најмалку 10 лица се уапсени во врска со немирите во Сандерленд, Англија, во кои синоќа беа повредени четворица полицајци за време на протестите поради убиството на три деца во напад на студио за танцување во Саутпорт во понеделникот, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека сите инволвирани во насилство врз полицајци ќе бидат казнети согласно законот, пренесува Гардијан.

Се нагласува дека во тек е идентификацијата на оние кои учествувале во нередите врз основа на снимките од надзорните камери.

Би-Би-Си ја отстрани рекламата „Doctor Who Children In Need “ во која се појавува Аксел Рудакубана, 17-годишникот обвинет за убиство на три девојчиња на час по танц на тема Тејлор Свифт во Саутпорт.

Во сега избришаната реклама од 2018 година за добротворната организација, Рудакубана излегува од Тардис облечен како главниот лик на британската научно-фантастична телевизиска серија Докторот Ху.

Тинејџерот бил ангажиран преку агенција за кастинг и немал никаква врска со проектите Children In Need.

„Ние им изразуваме најдлабоко сочувство на сите погодени од овој шокантен случај и го отстранивме видеото од сите наши платформи поради почит кон нив“, рече портпаролот на добротворната организација на Би-Би-Си.

17-годишник е обвинет за убиство и обид за убиство по масовно бодењее со нож во Саутпорт. Убиени се три деца, шестгодишната Бебе Кинг, седумгодишната Елси Дот Стенкомб и деветгодишната Алис Дасилва Агиар.

Рудакубана во четвртокот се појави на суд во Ливерпул, откако судот одлучи да го објави неговиот идентитет.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари