дома КУЛТУРА Тупаници, вув...

Тупаници, вувузели, искршени екрани, микрофони…Општа тепачка во српското Собрание!/ВИДЕО

Тупаници, вувузели, искршени екрани, микрофони…Општа тепачка во српското Собрание!/ВИДЕО

Во Собранието на Србија дојде до физичка пресметка меѓу пратениците откако опозиционерите прво кренаа транспаренти по усвојувањето на дневниот ред, а потоа се обидоа физички да го спречат почетокот на расправата кога пристигнаа членовите на Владата.

Пратениците од владејачкото мнозинство на Вучиќ застанаа во еден вид жив ѕид околу говорницата, при што имаше жестоко туркање. Пратениците од опозицијата им извикуваа „Убијци, убијци“, мислејќи на катастрофата во Нови Сад, каде што 15 лица загинаа при падот на настрешницата на реконструираната железничка станица, што доведе до серија протести во Србија.

 

Ситуацијата се смири по десетина минути, кога меѓу конфротираните страни се симна претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ и ги упати пратениците од владејачката коалиција на нивните фотелји.

 

Во исто време дојде до физички конфликт во галеријата на собраниската седница каде што пратениците на СНС го развија транспарентот „Жолтите крадци (ДС) сакаат војна, Србија сака работа“. И пред говорницата продолжи туркањето и физичкиот контакт меѓу претставниците на власта и опозицијата, како и на некои министри. Прво дојде до туркање, а потоа и физичка пресметка меѓу Бојан Торбица од Движењето на социјалистите  (Вулин) и претседателот на ССП, Драган Ѓилас.

За време на инцидентот во собранието се слушааа вувузели и свирежи.

 

После тоа, опозицијата внесе голем бел транспарент со „крвава рака“ во салата, кој го поставија пред говорницата, додека еден пратеник не се обиде да им го грабне транспарентот, по што повторно избувна конфликт.

 

По смирување на ситуацијата, пратениците од опозицијата го попречуваа презентирањето на предлог-буџетот на српскиот премиер Милош Вучевиќ на говорницата, кон која пријдоа неколку пратеници кои свиркаа и носеа транспаренти на кои пишуваше „рацете ти се крвави“.

Претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ, по инцидентите даде пауза и ги повика пратеничките групи на консултации.

Exit mobile version