back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиниката „Жан Митрев“

Тимот доктори од Клиника „Жан Митрев“ предводен од д-р Живорад Коцевски, пластичен хирург, отстранија тумор од пациент со големина од 35 килограми и 85 сантиметри. Туморната формација, за која анализата покажа дека е бенигна, беше во предел на долниот дел од абдоменот. По направената операција и успешното отстранување на туморот, пациентот е добар и се следи неговото опоравување.

Ова е многу редок случај, да се прифати и успешно да се извади тумор со ваква големина, а за докторите од Клиника Жан Митрев, претставува револуционерен оперативен зафат со којшто се спаси животот на пациентот откако беше одбиен за операција од повеќе клиники.

Досега во медицинската пракса во земјава не е направена операција за отстранување на туморска формација со ваква големина, а медицинската литература опишува третирање на вакви маси до 40 сантиметри должина.

 

The post Тумор од 35 килограми отстранет од пациент во Клиниката „Жан Митрев“ appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари