Џеј Ло на 24 јули наполни 55 години, но неколку дена претходно уживаше во голема и многу необична роденденска прослава. Имено, претходната сабота таа организираше тематска прослава во њујоршкиот тренди ресорт Хемптон, а целата забава беше организирана во стилот на серијата Бриџертон.
Џенифер Лопез бараше од своите гости да се придржуваат до кодексот на облекување и да се облечат во стилот на почетокот на 19 век.
Латино дивата решила да влезе во ликот на кралицата Шарлот, па седна на златниот трон, а на забавата пристигна со кочија, како што доликува на темата на оваа посебна забава.
Сè изгледало исто како на снимањето на ултра популарната серија „Бриџертон“.
Секако, во тој стил беше облечена и самата латино дива, па блесна во неверојатно луксузен балски фустан достоен за кралица. Креацијата беше во сина боја со корсетиран горен дел и помпезни украси кои го красат долниот дел од фустанот, а неверојатниот златен вез дополнително даде печат на креацијата.
Џенифер го комплетираше изданието со гламурозни ракавици од провиден бел тул, и златни сандали со висока потпетица и платформа. Нејзината фризура беше шлаг на тортата – таа се одлучи за комплицирана, елегантна пунџа која одлично го отсликува дадениот период, а на сето тоа додаде златна, стилизирана круна.