дома МАКЕДОНИЈА Три лица опож...

Три лица опожариле кафуле во Кисела Вода, предизвикана штета од околу 450 илјади денари

Три лица опожариле кафуле во Кисела Вода, предизвикана штета од околу 450 илјади денари

Скопското основно обвинителство соопшти дека тројца потпалувачи на кафе-бар во населбата Кисела Вода предизвикале општа опасност затоа што објектот бил во рамки на станбена зграда.

На 13 ноември, околу 3 часот наутро, тројцата со пожар предизвикале имотна штета од поголема вредност во износ од околу 450 илјади денари. Со оглед на тоа што кафулето е лоцирано во поголема станбена зграда, постоела опасност тие со пожарот да предизвикаат и значителна опасност за животот и телото на станарите.

-На местото пристигнале со автомобил “Фолксваген голф“, се паркирале во близина на кафе барот, а едниот осомничен останал во возилото да чека. Вториот осомничен зел секира од багажникот и го скршил лизгачкото стакло, додека третото лице кое е идентификувано и се преземаат мерки за негово пронаоѓање, запалило оган со бензин. Потоа сите заедно избегале од местото, истакнуваат од ОЈО Скопје.

Истрагата е отворена, бидејќи со дејствијата како соизвршители предизвикале – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. За двајцата осомничени кои се веќе обезбедени, по предлог на јавниот обвинител, определена им е мерка притвор.

The post Три лица опожариле кафуле во Кисела Вода, предизвикана штета од околу 450 илјади денари appeared first on Локално.

Exit mobile version