дома СПОРТ Тренерот на Р...

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите

Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одлучил да однесе 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите, соопшти вечерва мадридскиот клуб.

На списокот е и Лукас Васкез, кој се повреди на 10 ноември на мечот против Осасуна во Ла Лига.

Шпанските медиуми пренесуваат дека според првите лекарски проценки, Васкез требало да биде надвор од терените пет недели. Сепак, фудбалерот на Реал се опорави и ќе биде во конкуренција за натпреварот против Ливерпул.

Текстот Тренерот на Реал, Карло Анчелоти носи 19 играчи на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите е превземен од А1он.

Exit mobile version