Трајковски за ВЕЧЕР: Почнавме да ги казнуваме маркетите кои не ја почитуваат одлуката и немаат поставено ознака „помалку трошоци, повеќе за тебе“

Трајковски за ВЕЧЕР: Почнавме да ги казнуваме маркетите кои не ја почитуваат одлуката и немаат поставено ознака „помалку трошоци, повеќе за тебе“

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Горан Трајковски, за весникот ВЕЧЕР изјави дека од вчера почнале со казнување на трговците што не ги намалиле цените и немаат поставено ознака „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Трајковски појасни дека производите, кај кој трговците оделе со пониска маржа од 10 отсто, нема да бидат намалени.

-Нема да бидат намалени сите производи, туку само оние на кои се пресметувала повисока маржа од 10 отсто. Така, на пример, кај оние производи кај кои трговците оделе со маржа од 30 отсто, ќе ја намалат за 10 отсто, додека пак кај некои производи кај кој трговците оделе со маржа од 5 отсто, цените ќе останат исти. Оваа мерка не е иста како претходната мерка со која беа опфатени сите производи. Поради тоа доаѓа до забуна кај граѓаните зашто одредени производи сè уште се продаваат со исти цени како претходно, објасни Трајковски за ВЕЧЕР.

Тој вели дека со оваа мерка цените некаде нема воопшто да се намалат, а некаде ќе се намалат малку, а некаде повеќе во зависност од тоа колкава била маржата претходно.

При теренските проверки што ги извршиле инспекторите на ДПИ, констатирано е дека некои маркети не ги поставиле потребните ознаки со кои требаше да ги означат производите на кои Владата им наметна пониски профитни маржи.

Трајковски вели дека маркетите се жалеле дека немале време да ги испечатат ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“.

(А.С.)

 

Exit mobile version