дома СВЕТ Трамп пристиг...

Трамп пристигна кај Бајден во Белата куќа

Трамп пристигна кај Бајден во Белата куќа

Нoвоизбраниот американски претседател Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со актуелниот претседател Џо Бајден.

Тие се среќаваат во Овалната соба.

Трамп му рече на Бајден дека политиката е тешка.

Тој, исто така, му се заблагодари за непречената транзиција, а Бајден одговори: „Добредојдовте“.

Ова е нивна прва средба по претседателската дебата во јуни.

„Ние очекуваме непречена транзиција, како што рековме. Сепак, можеме да се погрижиме да бидете сместени, што ви треба, и ќе имаме можност да разговараме за нешто од тоа денес“, рече Бајден.

Текстот Трамп пристигна кај Бајден во Белата куќа е превземен од А1он.

Exit mobile version