дома СВЕТ ТРАМП ПОМЛАДИ...

ТРАМП ПОМЛАДИОТ: Имбецили, воено-индустрискиот комплекс сака трета светска војна пред татко ми да има шанса да постигне мир

ТРАМП ПОМЛАДИОТ: Имбецили, воено-индустрискиот комплекс сака трета светска војна пред татко ми да има шанса да постигне мир

Синот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот, ја критикуваше одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден да и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел ATACMS за напади на руска територија.

– Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека Третата светска војна ќе почне пред татко ми да има шанса да постигне мир и да спаси животи. Треба да се спасат трилиони. Имбецили!, напиша Трамп помладиот.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводи на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија, а потоа, како што пренесува „Фигаро“, истото го направиле и Франција и Велика Британија, дозволувајќи употреба на ракети SCALP/Сторм шедоу.

Exit mobile version