Седумнаесетгодишен младич загинал утринава околу 3 часот кога паднал од покрив на автомобил во движење, дознава Танјуг.
Возилото „пежо“ го управувал уште еден седумнаесетгодишен малолетник, а сопатникот се качил на покривот од автомобилот и при кочење паднал на коловозот.
Несреќата се случила во општина Бараево.
Малолетниот возач е изведен пред обвинител за малолетници.