дома СПОРТ „Тој човек бе...

„Тој човек беше катастрофа за Баерн“

„Тој човек беше катастрофа за Баерн“

Томас Тухел се најде во центарот на вниманието откако беше потврдено дека е избран за нов селектор на Англија, што е прилично изненадувачки потег со оглед на тоа што Пеп Гвардиола беше единствениот поврзан со оваа селекција во изминатиот период.

Навивачите во Англија не се премногу воодушевени што ќе ги предводи германски стручњак и сметаат дека шанса требало да добие некој од тамошните тренери.

Токму кога се смири ситуацијата и реакциите во Англија, германскиот стручњак стана топ тема и во неговата земја. Имено, угледниот „Билд“ објави интервју со легендарниот претседател на Баерн (М), Ули Хенес, а тој во не толку убаво светло го спомна и Тухел.

Познато е дека овој 51-годишен стручњак беше на клупата на Баерн до крајот на минатата сезона, но и самиот едвај чекаше да го напушти Минхен бидејќи атмосферата во клубот не беше толку добра.

Неговото доаѓање во Баерн беше сосема неочекувано бидејќи се случи во екот на сезоната. Во март 2023 година Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан решија да му врачат оставка на Јулијан Нагелсман, што беше голем шок, а набргу потоа беше потврдено дека Тухел е новиот тренер на Баерн.

Ваквиот потег на Салихамиџиќ и Кан се покажа како голем неуспех бидејќи потоа се тргна надолу. Баерн испадна од Лигата на шампионите и од купот, а само со чиста среќа на крајот го освои трофејот во Бундеслигата.

Салихамиџиќ и Кан на крајот го платија цехот и беа отпуштени, а Тухел остана уште една година. Сепак, по сезона без трофеј и тој доби отказ, а Хенес воопшто не го памети со задоволство неговиот престој на клупата на Баерн.

“Тухел беше катастрофа за нашиот клуб. Моментот на забава во играта целосно исчезна поради неговиот начин на играње фудбал, кој неизмерно ме изнервира. Покрај тоа, имаше проблеми со атмосферата во соблекувалната”, изјави Хенес за „Билд“.

 

Exit mobile version