back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈАТошковски: МВ...

Тошковски: МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секое лице кое намерно предизвикало пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани.

-Во овие тешки моменти кога се соочуваме со катастрофални пожари, уште еднаш апелирам до сите граѓани да постапуваат совесно и одговорно, да избегнуваат активности кои можат да предизвикаат пожари и да пријавуваат сомнителни активности. Воедно, сакам да потенцирам дека МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари и ја загрозува безбедноста и животите на нашите граѓани, напиша Тошковски на неговиот Фејсбук профил.

Тој на социјалната мрежа споделува и објава од МВР за приведен маж од радовишко затоа што подметнал пожари.

Текстот Тошковски: МВР ќе преземе жестоки мерки кон секој кој намерно предизвикува пожари е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари