дома СПОРТ Теодор Величк...

Теодор Величковски ја презема титулата младински првак во снукер

Теодор Величковски ја презема титулата младински првак во снукер

Снукер сезоната на досега невидена изедначеност во државното сениорско првенство, се префрли и во конкуренција на младинците, каде што во финалето се сретнаа ланскиот шампион Марко Величковски и предизвикувачот, Теодор Величковски, инаку негов помлад брат.

Последната црна топка во третиот фрејм беше одлучувачка, а Теодор беше оној што го зададе победничкиот удар и на крајот го подигна трофејот. Тој е петти младинец кој станал шампион во својата конкуренција во овие пет години на организирани државни првенства. Претходно, овој наслов го освојуваа таленти како Филип Нешкоски, Блендијан Ќазими, Андреј Ѓурчиновски и Марко Величковски.

Третото место им припадна на двајца браќа, дебитанти, Михаил и Теодор Спировски, кои беа елиминирани во полуфиналето, но покажаа завиден напредок.

Во очекување на крајот на сезоната во А и Б дивизиите (и во двете серии треба да се одигра уште еден турнир), за сениорите беше организиран и традиционалниот турнир „6 црвени“, на кој издоминира трикратниот шампион Берат Јашари, пред ланскиот победник на ова натпреварување, Петар Панов. Третите места им припаднаа на Александар Ставриќ и Петар Колоски.

The post Теодор Величковски ја презема титулата младински првак во снукер appeared first on Локално.

Exit mobile version