back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаТелефонот на ...

Телефонот на судијата Наке Георгиев упатува на друго кривично дело: Што е одземено од Академијата за судии и јавни обвинители?

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска споделија детали за вчерашниот претрес во Академијата за судии и јавни обвинители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР врши претрес во Академијата за судии и јавни обвинители

Од таму велат дека одземениот телефон на врховниот судија Наке Георгиев, кој е во притвор за поткуп, упатува на друго кривично дело поврзано со него.

Одземени се и два телефони на лице кое е вработено во Академијата, како и видео запис и две досиеја за поранешен и актуелен кандидат на Академијата

-Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.

Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, информираат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Каков имот пријавил Иџет Мемети, осомничен за случајот со Наке Георгиев

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

The post Телефонот на судијата Наке Георгиев упатува на друго кривично дело: Што е одземено од Академијата за судии и јавни обвинители? appeared first on еМагазин.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари