back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе

Инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) од утрово се на терен и вршат инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и на Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари коментирајќи го случајот со 14-месечното бебе што завчера почина на Детската клиника во Скопје, каде што било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција.

Утрово имав состанок со директорот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Нивните екипи веќе се на терен. Фирмирана е и комисија што ќе ги испита сите факти и аргументи за случајот“, рече тој во изјава за медиумите по повод Денот на органодарителството.

Министерот вчера потврди дека 14-месечното бебе претходно било одбиено да се хоспитализира, но посочи дека без разлика каков ќе биде исходот од истрагата на инспекцијата треба да има одговорност за случајот.
Бебето почина на 5 октомври на Детската клиника, а дел од медиумите пренесоа дека претходно неколкупати било одбивано да се хоспитализира иако неговите родители трипати го носеле на преглед на оваа клиника.
 

The post Таравари: Инспектори од ДЗСИ ги испитуваат причините за смртта на 14-месечното бебе appeared first on Република.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари