„Поздрав од рајот“, вели некогаш многу актуелната водителка која е присутна во медиумите, Елена Најдоски, поранешна Стефановска. Публиката најмногу ја знае како успешна водителка уредничка на омилената ТВ-емисија „Живот со стил“, со која знаеше да „собере“ голем број гледачи, најмногу гледачки, пред малите екрани.
А, дека згодната Елена никогаш не се откажала од својот живот со стил, покажува и тоа што вистински живее таков живот. Не само што има покрај себе и само за себе, како што велат, богат сопруг, што, секако, е за пофалба, бидејќи кој умее – ќе си живее, туку Елена и знае како да го прави тоа, секако на гламурозен начин.
–
Неодамна, со сопругот Бојан, згодната Елена прекрасно си помина во сончевата Грција, па од Егејското Море се упати кон уште поубавото Јадранско Море. Поточно во монденското летувалиште Порто-Монтенегро, во близина на Тиват. На луксузниот живот, секако со стил, кој го води Елена ова лето за сите пари, во никој случај ништо не смее да му недостига.
Кај и да се свртиш, сè „пука“ од сјај. Од начинот на кој двајцата се летно облечени, особено Елена како жена што не само што се разбира и има осет за она што е модерно туку има и вкус и знае како да го комбинира сето тоа. Затоа и остава впечаток како да е симната од светските модни писти, во истиот миг. Дамите имаат што да научат од Елена. А, таа знае и да го носи тоа, не само тукутака да го стави на себе. До крајот на летото има уште време. Доволно да не се испушти сето она што опфаќа да остане во својот препознатлив стил, кој на другите им го одзема здивот. Се согласувате? Д.М.