Во една студија, научниците открија дека фузобактериите кои се наоѓаат во усната шуплина на некои луѓе можат да влијаат на уништувањето на некои видови рак.
Истражувачите од колеџот Гај и Сент Томас и Кралскиот колеџ во Лондон рекоа дека се целосно изненадени кога откриле дека Fusobacterium – тип на бактерија што вообичаено се наоѓа во устата – изгледа дека има способност да уништи одредени видови на рак, објави Гардијан.
Според едно истражување, луѓето со рак на главата и вратот кај кои е откриено присуството на оваа бактерија имале многу подобри резултати за време на терапијата.
Истражувачите сега ги истражуваат биолошките механизми по првичните наоди. Докторот Мигел Реис Фереира, автор на студијата и консултант за рак на главата и вратот на Колеџот Гај и Сент Томас, изјави за новинската агенција PA дека откриле дека пациентите со рак на главата и вратот кои ги имале овие бактерии имале многу подобри резултати од оние кои не потврди присуство на таа бактерија.
Според него, втората работа што ја откриле е дека во клеточните култури оваа бактерија е способна да ги уништи клетките на ракот. Фереира рече дека моментално го истражуваат тој механизам и дека тоа треба да биде тема за нова работа во блиска иднина.