дома МАКЕДОНИЈА Странка спреч...

Странка спречила грабеж на филијала за брзи кредити на Бит Пазар

Странка спречила грабеж на филијала за брзи кредити на Бит Пазар

Полицијата соопшти дека пред два дена на подрачјето на Бит Пазар имало обид за грабеж на филијала за брзи кредити.

Според СВР Скопје, во 17 часот и 10 минути било пријавено дека едно машко лице со закана со огнено оружје се обиделo да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што лицето го напуштило местото на настанот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден, на 23-ти ноември во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар едно лице со закана со огнено оружје од вработените одзело пари.

The post Странка спречила грабеж на филијала за брзи кредити на Бит Пазар appeared first on Локално.

Exit mobile version