дома МАКЕДОНИЈА Средба на мин...

Средба на министерот за одбрана Мисајловски со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер

Средба на министерот за одбрана Мисајловски со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и новопоставеното одбранбено аташе полковник Бенсад Шиниковиќ, соопштија од кабинетот на министерот Мисајловски.

„Изразувам огромна благодарност до вас и до вашата држава која повторно, несебично и во најбрзо време одговори на нашиот повик за помош за справување со пожарите“, рече министерот Мисајловски.

Одбранбена соработка меѓу двете земји во континуитет е во нагорна линија, а со потпишувањето на новиот билатерален договор се создадени услови за проширување и надградување на постојните области на соработка, беше потврдено на денешната средба.

Амбасадорот Прескер нагласи дека Словенија изразува јасна поддршка за нашето членство во ЕУ и дека се подготвени да помогнат во реформските процеси.

Exit mobile version